klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·11. 07. 2026. 10:49:38

Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 ТВ посочи дека за првпат во ребалансот на буџет се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%, се со цел, како што кажа, зголемување на животниот стандард. -За првпат во историјата од кога Република Македонија е независна во ребалансот се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%. Ние ја кажавме нашата економска филозофија веќе кога ја составивме владата дека ќе се базира на три работи. Реализација на капитални проекти, повисок животен стандард и привлекување на странски директни инвестиции и ребалансот оди директно во насока на почитување на овие три нешта коишто сега ги споменав, рече Стојаноски. Стојаноски додаде дека во изминатите седум квартали забележан е раст од 3%, потенцирајќи дека економските политики даваат резултати. -Ако ја видите вие нашата економска филозофија во изминатите седум квартали и растот од 3% како и она кое што го кажува ММФ укажува дека нашата економска филозофија е успешна и токму затоа ние сакаме дополнително да го зголемиме бустот кон градежништвото и кон личната и приватната потрошувачка, како и поддршката кон стопанството бидејќи ако ги видите бројките во Државниот завод за статистика ќе видите дека овие контрибутори се главни и се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti