Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

„Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. Имаме податоци за раст на БДП од 3,1 каде што сите оние потребни документи ни укажуваат дека ќе имаме до 3,5 до крајот на годината. Вкупни приходи од 374,9 милијарди коишто ќе бидат зголемени на 379,5 милијарди, зголемување од 4, а 575 милијарди или 4 милијарди 575 милиона, 1,26 зголемување. Вкупните расходи исто така ќе бидат зголемени благодарејќи на поголемата ефикасност и исполнителност на институциите“, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет. Јаревски истакна дека Владата преку ребалансот на Буџетот продолжува да спроведува мерки насочени кон намалување на невработеноста и поттикнување на самовработувањето. Тој посочи дека се отворени 18.000 нови работни места, невработеноста е намалена на 11,3 проценти, а големиот интерес за Оперативниот план, со повеќе од 3.000 апликации за самовработување, покажува дека граѓаните ги препознаваат можностите за започнување сопствен бизнис преку државната поддршка. „Денес имаме наместо протести, наместо социјален немир и незадоволство 18,000 нови работни места створени од оваа Влада. Невработеност којашто е речиси едноцифрена. Денес кога ова го говориме 11,3% , но во исто време можеме…
Povezane vijesti

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард

Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните
