klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Трагедија во Франција: Се урна авион на школа за падобранство, сите загинаа

Трагедија во Франција: Се урна авион на школа за падобранство, сите загинаа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·28. 06. 2026. 14:09:16

Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти. Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци. Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека министерот е на пат кон местото на несреќата, каде што е во тек истрага за причините за падот на авионот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti