Region Sjeverna Makedonija
ТРАГЕДИЈА НА ХАЛКИДИКИ: Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа

Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 20:30:05
Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос. Противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на спасувачка опрема, жената и бебето ги извлекле без знаци на живот, додека пак мажот и другото малолетно дете со тешки повреди се пренесени во болница. Таткото е во животна опасност, а детето е во тешка, но стабилна состојба.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


