klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Скалони: „Ние сме единствени – тоа не е ароганција, туку срце“

Скалони: „Ние сме единствени – тоа не е ароганција, туку срце“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 22:32:27

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше емоциите по победата од 2:1 над Англија, со која „гаучосите“ обезбедија второ последователно финале на Светското првенство. Обраќајќи им се на медиумите по натпреварот, Скалони истакна дека е горд на своите фудбалери и на навивачите, нагласувајќи дека аргентинската репрезентација повторно го оставила без зборови. „Немам зборови. Ова е огромна радост за целата екипа и за нашиот народ. Нашите навивачи никогаш не престануваат да нè изненадуваат. Тешко е да се опише она што овие играчи го покажуваат на теренот. Ние сме единствени, навистина. Овие луѓе нè носат кон победите“, изјави Скалони. Селекторот на актуелниот светски шампион порача дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за нова титула. „Ќе се обидеме да победиме. Ќе дадеме апсолутно сè од себе. Но, и ова што досега го постигнавме веќе е импресивно“, додаде тој. На крајот уште еднаш нагласи што, според него, ја издвојува оваа генерација аргентински фудбалери. „Ние сме единствени и тоа не е ароганција. Тоа е срце“, порача Скалони. Аргентина во финалето на Светското првенство ќе се соочи со Шпанија во обид да ја одбрани титулата освоена пред четири години.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti