Огромна тага во англиските медиуми: „Нѐ урна веројатно најголемиот фудбалер на сите времиња“

Само триесетина минути ја делеа Англија од второто финале во својата историја на Светските првенства. Толку долго имаа водство, пред во самиот финиш да доживеат целосен колапс и да останат без место во финалето. Аргентина по израмнувачкиот гол тргна по целосен пресврт, а реакциите на англиските медиуми по ваквиот епилог беа очекувано – полни со разочарување. „По водечкиот гол целосно ја загубивме брзината во нападот. Немавме никаква закана од контранапади, ниту пак можевме да задржиме обична топка. Аргентина победи затоа што по нашиот гол одговори со фокус, интензитет и квалитет. Ако Томас Тухел можеше да го врати времето, веројатно ќе постапеше поинаку“, пишува „Гардијан“. „The Athletic“ смета дека Англија сама си ја искомплицирала ситуацијата. „Аргентина беше на работ, но за помалку од седум минути ја казни Англија затоа што се повлече длабоко во својата одбрана. На крајот стигна сметката – огромна болка за Англија“, наведува медиумот. Најостар беше „Дејли Мејл“, кој директно го критикуваше селекторот Томас Тухел. „Начинот на кој Тухел реагираше по водечкиот гол целосно ја промени играта на полошо за „трите лава“. Измените беа лоши, се обиде повеќе од дваесет минути да ја брани предноста, а тоа беше предолго. Можеби тоа му успеа против Мексико, но Аргентина не…

