klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 06. 2026. 13:14:54

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека современите безбедносни закани се повеќе ги надминуваат националните граници и дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците поврзани со организираниот криминал, нелегалната трговија со оружје и криумчарењето дрога. -Безбедноста мора да остане наша заедничка одговорност, а соработката – наш најсилен инструмент. Овој курс претставува јасен пример за обединување на знаењето, искуството и професионалните капацитети на институции и експерти од различни земји, нагласи министерот Тошковски. Тој додаде дека проектот за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје претставува инвестиција во долгорочна безбедност, институционална зрелост и професионални стандарди, при што Министерството за внатрешни работи не настапува само како корисник на поддршката, туку и како активен и рамноправен партнер во неговата реализација. Министерот потенцираше дека организацијата на ваков регионален специјализиран курс претставува важен исчекор во остварувањето на долгорочните стратешки цели на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti