Тасевски: ВМРО-ДПМНЕ не може да посака подобар СДС од овој на Филипче, вака ќе владеат уште 20 години

Победничкиот наратив во СДС по катастрофалниот дебакл во Брвеница е многу апсурдна ситуација која покажува дека врхушката и партијата се целосно загубени и во тотален очај, посочи актерот Сашо Тасевски во “Колегиум“ на Алфа во кој гостуваше и пратеникот Миле Лефков. Власта не може да посака подобар СДС од овој, цени актерот кој вели дека со ваква опозиција ВМРО-ДПМНЕ ќе владејат уште 20 години. -Многу апсурдна ситуација, навистина човек да помисли за таа група на луѓе, за таа партија, за раководството на таа партија дека се бааги одлепени од реалноста. Ај, да се обидеш да спинуваш некој тесен пораз како победа, ај тоа и некако би можел некој да го разбере, но се знае кој е победникот и во тој случај, но по еден ваков дебакл тоа едноставно зборува дека се тотално загубени, тотално во очај. Со тоа што мислам дека еден ваков СДС, ВМРО не можеше да посака подобар од овој СДС. Јас навистина не знам каков им е есапот, дали таму останаа воопшто некои луѓе покрај Филипче кои ја гледаат реалноста и што сфаќаат дека со ваков СДС ВМРО ќе владее во следните 20 години. Треба да се биде само малку мудар и ако знае да изменаџира да…
Povezane vijesti

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“ – Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат!

Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“: Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат!
