„СДСМ падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати“

СДС доби јасна политичка порака на изборите во Брвеница. Резултатите во Брвеница покажаа дека СДС под раководство на Венко Филипче, се соочува со сериозен пад на довербата кај граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДС во Брвеница не изгуби само гласови. Изборот на граѓаните покажа дека СДС и Венко Филипче немаат доверба, немаат политичка тежина, ниту пак кредибилитет. Разликата е јасна и очигледна. ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1. Во недостаток на нова визија, програма, јасна политика, убедливи решенија партијата на Филипче четвртото место и дебаклот се обидува да го слави како успех. Партијата на чело со Филипче е заробена во старите политики и старите центри на влијание под менторство на Заев, и граѓаните тоа го препознаа. Затоа, не бараме оставка од Венко Филипче. Напротив, сметаме дека треба да продолжи да го води СДС. Колку подолго партијата останува во оваа политичка стратегија, толку појасно граѓаните ќе можат да ја оценат разликата меѓу празната политичка самоувереност на СДС и конкретните резултати на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во Брвеница не гласаат за политички претстави и самопрогласени победи на СДС. Гласаат…
Povezane vijesti

Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“: Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат!

Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
