Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“: Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат!

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како петта партија во Скопје, а четврта во Куманово и во Брвеница, обвинува групата „Разговори за иднината во 12:05“. Незадоволните социјалдемократи бараат оставка од партискиот лидер по изборниот резултат во Брвеница. Тие тврдат дека сегашното раководство ја води партијата кон нови порази. „Сите останати се борат да победат само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДСМ во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата“, се наведува во соопштението. Организаторите оценуваат дека раководството пропуштило можност за политички пресврт во предизборната кампања. Во соопштението се наведува дека кандидатот на СДСМ во Брвеница, Јовица Радески, бил доведен пред свршен чин. Според организаторите, неколку истакнати членови претходно одбиле да ја прифатат кандидатурата. „Другарот Јовица Радески беше доведен пред свршен чин откако претходно неколку истакнати членови не прифатиле кандидатура. Не сакаме да дозволат во вториот круг некој зад нивен грб да им ги пазари гласовите“, наведуваат тие. Реформаторите му честитаат на Радески за достоинствениот настап во кампањата. Истовремено, оценуваат дека изборниот резултат покажува колку е ослабена поддршката за СДСМ. „Жалиме што СДСМ во Брвеница има повеќе гласови само од двајца независни кандидати што е уште една потврда во каква агонија е партијата со…
Povezane vijesti
Остар напад врз раководството на СДСМ: „ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА ЈА НАПУШТИ БИХАЌКА ПРЕД ДА СТАНЕ ПРЕДОЦНА“

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“
