klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Стојаноски: Зголемени буџетски средства за инвестиции, плати и социјални трансфери

Стојаноски: Зголемени буџетски средства за инвестиции, плати и социјални трансфери
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 13:30:39

На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека според податоците за реализацијата на капиталните расходи, во 2024 година таа изнесувала 12,9 милијарди денари, додека во моментот достигнува 19,3 милијарди денари. Тој посочи дека со ребалансот на Буџетот капиталните расходи се зголемуваат за 4,747 милијарди денари, платите за 1,128 милијарди денари, а субвенциите и трансферите за 3,094 милијарди денари, при што дел од средствата се насочуваат кон земјоделство, железничкиот сообраќај, студентскиот и ученичкиот стандард, како и социјалните трансфери. „Ако гледаме ние реализација на капитални расходи, 2024та година кога го критикувавме беше реализацијата на капиталните расходи 12 милијарди 12,9 милијарди денари, а сега во овој момент реализацијата е 19,3 милијарди денари. Реализација на капитални расходи. Но мораме да бидеме јасни и кога зборуваме за бројки. Ако капиталните расходи во ребалансот се зголемуваат за 4 милијарди 747 милиони денари, значи 4 милијарди 747 милиони денари повеќе средства се извојуваат за реализација на проекти до крајот на годината. Ако одиме за плати 1 милијарда 128 милиони денари повеќе, ве молам запишувајте ги бројките па после да ми кажете зошто ќе ве прозивам сите за овие бројки. Субвенции и трансфери растат за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti