klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст

Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 15:17:49

На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека ребалансот на Буџетот за 2026 година не претставува само измена на буџетските ставки, туку документ што ќе овозможи нови инвестиции, реализација на проекти, економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Денес разговараме за ребаланс на Буџетот за 2026 година. За некого ова можеби се само бројки на хартија, но за Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ова е документ кој значи нови инвестиции, нови проекти, економски раст и подобар животен стандард за граѓаните. Кога ги анализираме макроекономските показатели во период 2017 до 2026 година гледаме јасен тренд, БДП по тековни цени расте од околу 618 милијарди денари во 2017 година на повеќе од 1 билион денари во 2025 година, а позитивен тренд продолжи и во 2026 година, тоа значи дека економијата создава поголема вредност, се движи напред и има капацитет да поддржи нов инвестициски циклус“, рече Јамалов. Јамалов истакна дека определбата на Владата е буџетските средства да се враќаат кај граѓаните преку инвестиции, посочувајќи дека со предложениот ребаланс се обезбедуваат повеќе од 41 милијарда денари за развојни програми. Според него, средствата се наменети за изградба и реконструкција на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti