Спасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски кој оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува развоен, реален и финансиски одржлив документ, кој што е во интерес на граѓаните и државата. Тој нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат 46 милијарди денари, што е зголемување од 5,8 милијарди денари или 14,5 проценти во однос на првично планираниот буџет. „Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат 46 милијарди денари и се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на планираниот буџет. Средствата за платите и надоместоците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари достигнувајќи 53,7 милијарди денари. Субвенциите и трансферите растат за 3,9 милијарди денари или 10,4%. Овие средства одат за земјоделство, железнички сообраќај, студентски и ученички стандард, породилно боледување, мој ДДВ и други приоритетни расходи. Социјалните трансфери растат за 2,2 милијарди денари“, рече Спасовски. Во своето обраќање, Спасовски истакна дека предложениот ребаланс обезбедува повеќе средства за инфраструктура, здравство, образование, социјална заштита, спорт и култура. „Ова значи дека овој ребаланс предвидува подобра инфраструктура, повисоки плати и пензии, подобро здравство, подобро образование, повеќе грижа за ранливите…
Povezane vijesti

Арсова: Со предложениот ребаланс се обезбедуваат средства за капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, инвестиции во водостопанството, комуналната, образовната, здравствената и еколошката инфраструктура

Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст
