klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Стеф Кари ќе биде подготвен пред стартот на сезоната

Стеф Кари ќе биде подготвен пред стартот на сезоната
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·20. 10. 2026. 04:18:29

Стеф Кари, и покрај загрижувачкиот момент со повредата на отворениот тренинг на тимот, ќе биде подготвен за првиот натпревар на Голден стејт вориорс во новата сезона. Тренерот на Вориорс, Стив Кер, потврди дека при инцидентот не било повредено коленото на Кари и дека „тој е добро“. Кер потврди дека Кари го одработил тренингот со тимот во целост и дека ќе биде на располагање за натпреварот против Лос Анџелес лејкерс во среда навечер. Кари ја пренесуваше топката кон противничката половина за време на отворениот тренинг во „Чејс центар“, кога ненадејно го исчаши десниот скочен зглоб. Веднаш застана и луто ја удри топката од паркетот, очигледно фрустриран од ситуацијата. Кари минатата сезона имаше просек од 26,6 поени и 4,7 асистенции по натпревар. Тоа беше неговата 17. сезона во НБА-лигата со Голден стејт. Сепак, одигра само 43 натпревари, пропуштајќи голем дел од сезоната поради долготрајната повреда на десното колено.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti