klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ЛА Лејкерс во проблем пред почетокот на сезоната

ЛА Лејкерс во проблем пред почетокот на сезоната
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·16. 10. 2026. 04:58:29

До почетокот на новата сезона во НБА лигата има уште помалку од десет дена, а тимот на Лос Анџелес Лејкерс има и проблеми со ростерот на тимот. Околу две недели трае паузата (отсуство) на Колин Секстон поради повреда на потколеницата. Како што пренесуваат американските медиуми неизвесно е дали ќе биде подготвен за почетокот на сезоната. Тој ги пропушти сите подготвителни натпревари од претсезоната, а од клубот неговата здравствена состојба ја следат како ден за ден. Токму тој момент предизвикува загриженост. Секстон е нов играч кај „езерџиите“ откако минатата сезона настапуваше за Шарлот и Чикаго, а претходно играше за Јута и Кливленд. Со просек од 15,4 поени по натпревар треба да биде клучен играч од клупата и прва опција за нападот од „втората петорка“. ЛА Лејкерс на отворањето на сезоната играат против Голден Стејт.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti