klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Денвер останува без својата ѕвезда

Денвер останува без својата ѕвезда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 10. 2026. 18:20:14

Екипата на Денвер Нагетс доживеа тежок удар во претсезонскиот период откако Џулијан Стротер го повреди левото колено на дуелот со Лос Анџелес Клиперс, кој заврши со пораз на Денвер од 122:110. Инцидентот се случи кон крајот на третата четвртина, кога му попушти ногата на Стротер и падна на теренот. Медицинскиот тим веднаш му помогна, по што беше испратен во соблекувалната. Клубот потврди дека тој нема да се врати во игра, а дополнителните прегледи треба да покажат колку е сериозна повредата и колку долго би можел да паузира. Пред да го напушти натпреварот, тој постигна 11 поени и беше еден од четворицата кошаркари на Денвер со двоцифрен учинок. Џамал Мареј заврши со 14 поени, Кам Витмор постигна 17, а Тревон Бразил беше најефикасен во тимот со 22 поени.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti