Српскиот психолог Јелена Станивуковиќ за МИА (1): Тагата не е болест што мора веднаш да се излекува, реагирајте кај депресијата или мислите за смрт

Јелена Станивуковиќ е мастер по клиничка психологија, КБТ психотерапевт и коосновач на Институтот „Beautiful Minds“, која стекна огромна популарност во Србија и регионот благодарение на нејзиниот специфичен, практичен пристап кон менталното здравје. Нејзините едукативни видеа и куси ставови на социјалните мрежи секојдневно бројат стотици илјади прегледи, уривајќи ги табуата за психотерапијата преку едноставен, но стручен јазик. Во првиот дел од ова ексклузивно интервју за МИА, Станивуковиќ испраќа драгоцени пораки за соочувањето со балканската апатија, потсетувајќи нè дека во тешките моменти мора да избереме барем еден мал чекор за да не дозволиме „тагата да стане целата вистина за нашиот живот“. Таа советува дека емоционалната интелигенција мора да се вежба уште во семејниот дом преку прифаќање на непријатноста, бидејќи таа е природен емоционален сигнал кој нè учи на вистинска отпорност. Во продолжение нејзините стручни совети за балканската апатија, границата помеѓу безволноста и клиничката депресија и зошто со презаштитување на децата им го слабееме „психолошкиот мускул“. Тага, апатија и ментално здравје Кога кај еден човек ќе се појават тага и апатија, дали тоа веќе е патологија која мора да се лекува или е само нормална фаза во животот? Како самите да си помогнеме во тие моменти? -Тагата сама по себе не е патологија…
Povezane vijesti

Приказната зад виралната фотографија на Меси и Јамал пред финалето на Мундијалот

Лудило со цените за финалето во Њујорк: Најевтините билети чинат повеќе од 6.000 евра
