klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Средба со кралот на повидок? Принцот Хари ја прифати понудата да престојува во Бакингемската палата

Средба со кралот на повидок? Принцот Хари ја прифати понудата да престојува во Бакингемската палата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 07. 2026. 08:28:21

Војводата од Сасекс, принцот Хари ја прифати понудата да биде во Бакингемската палата за време на неговата посета на Велика Британија, објави британски Телеграф. Тој треба да пристигне во Лондон подоцна во понеделник без сопругата и децата. Неофицијално, тој е во директна врска со кралот, а сите планови за меѓусебна средба се направени приватно меѓу нив. Војвотката од Сасекс, принцот Арчи и принцезата Лилибет нема да патуваат со војводата откако барањето за полициска заштита беше одбиено. По денови неизвесност, тој одлучи дека нема да биде безбедно да го донесе своето семејство во главниот град. Одлуката во последен момент ја стави во прашање долгоочекуваната средба на војводата меѓу неговите деца и нивниот дедо. Иако војвотката и децата нема да дојдат во Лондон, семејството не ја исклучи можноста тие да патуваат во Британија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti