klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

СП 2026: Нови пресметки за четвртфинале

СП 2026: Нови пресметки за четвртфинале
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 13:11:40

На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД. Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. Кристијано Роналдо најверојатно за последен пат ја предводи Португалија на големо натпреварување. Тимот игра со надеж дека ќе успеат да стигнат што е можно подалеку на шампионатот, но екипата е сплотена и од причина што нивниот репрезентативен колега Диого Жота, лани во овој период од годината го загуби животот во сообраќајна несреќа, едноставно играат и за него и тоа како да им дава дополнителна сила. Шпанците пак од натпревар во натпревар ја креваат формата, делуваат се посигурно и нема да биде изненадување ако успеат да наметната игра да стигнат и до следната рунда. Натпреварот се игра во Далас со почеток во 21 часот. Големо внимание привлекува и дуелот меѓу домаќинот САД (Мексико и Канада се веќе елиминирани) и Белгија. Американците имаат големи амбиции, но патот до финалето е исклучително тежок. Сепак работите им одат во прилог…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti