klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Познати се сите осминафинални парови на Мундијалот

Познати се сите осминафинални парови на Мундијалот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·04. 07. 2026. 05:10:10

Осминафиналната рунда на СП ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот. Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија. Победниците од натпреварите во Хјустон и Филаделфија ќе се сретнат во четвртфиналето. Бразил ќе игра против Норвешка в недела од 22:00 часот во Њујорк, а подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе се сретне против подобриот од мечот меѓу Мексико и Англија кој ќе се игра во понеделник рано наутро во 2 часот во Мексико Сити. Мечот Португалија и Шпанија е закажан за в понеделник од 21:00 часот во Далас. Истата вечер, но во 2 часот рано наутро во вторник, САД ќе игра против Белгија во Сиетл. Победниците од натпреварите во Далас и Сиетл ќе се сретнат во четвртфиналето. Аргентина за протвиник го има Египет, а мечот ќе се игра во вторник (7 јули), од 18:00 часот во Атланта. Подобриот од овој дуел, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од средбата меѓу Швајцарија и Колумбија, во вторник (7 јули) во 22:00 часот во Ванкувер.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti