klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Неделните осминафинални дуели остануваат во предвидените термини

Неделните осминафинални дуели остануваат во предвидените термини
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 07. 2026. 18:26:29

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека нема да има промени во термините на одигрување на натпреварите в недела од осминафиналето на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Поради лошата временска прогноза, се разгледуваше можноста натпреварот меѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити да почне еден час порано, но, сепак, ќе стартува според планот, во 18 часот по локално време, односно во 2 часот наутро по средноевропско време, в недела навечер. Одлуката значи дека нема да има потреба од менување на терминот на почетокот на осминафиналниот натпревар меѓу Бразил и Норвешка на стадионот „Мет Лајф“ во Ист Радерфорд, и тој ќе започне во 16 часот по локално време, или во 22 часот по средноевропско време, в недела. Претходно, мексиканските медиуми објавија дека почетокот на натпреварот Мексико-Англија може да се помести порано, почнувајќи напладне по локално време, додека портпаролот на Бразилската фудбалска конфедерација изјави дека во тој случај почетокот на натпреварот Бразил-Норвешка може да се одложи за еден час. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti