Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст

Јули е важен месец за Македонија и проценките што ги прави Европската комисија за сите кандидати. Позитивната оценка од Европската комисија е признание за успешно спроведените реформи во држата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија додаваат дека според информациите со кои располагаат, Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите кандидати кои бележат најдобар напредок во спроведувањето на Реформската агенда и обврските што произлегуваат од Планот за раст на Европската Унија. -Ова е значајно признание за институциите и за сите кои активно придонесуваат во исполнувањето на реформските приоритети. Оценката од Европската комисија е дополнителен мотив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со уште посилна динамика во реализацијата на реформите, нотираат во соопштението. Оценката од Европската комисија ги фрла во вода лагите на СДС и ги побива обидите за создавање лажна слика дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската унија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Неопходно е сите политички чинители да покажат одговорност и конструктивност во периодот што следува. Усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, претставува обврска која е резултат на широк процес на консултации и договор во рамки на работната група при Министерството за правда, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, соопшти владејачката партија. Од…
Povezane vijesti

Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата

ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА МАКЕДОНИЈА, поради успешните реформи, рече Милошоски
