klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 17:22:32

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој на самиот почеток истакна дека Македонија успешно ја спроведува Реформската агенда, посочувајќи дека, според оценките на Европската Унија, се реализирани девет од десет предвидени точки, а земјата е оценета како најуспешна во нејзината имплементација. „Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од десет точки се остварени, Македонија е прогласена за најуспешна држава во спроведување на Реформската агенда и тоа е признаено со средствата коишто ги добива од Европската Унија за спроведување на оваа Реформска агенда, ние рековме дека Реформската агенда не се спроведува само заради средствата коишто се добиваат туку за усогласување со европското законодавство и подигање на стандардите, кога станува збор за управување со јавни финансии, за отчетност, реформи во судството“, рече Лефков. Лефков посочи дека дел од опозициските партии ги менуваат своите ставови во однос на измените на Изборниот законик и се обидуваат да го попречат процесот и истакна дека предложениот модел на гласање веќе функционира во голем број земји членки на Европската Унија и ги обвини СДС, ДУИ и Левица дека преку политички спинови се обидуваат да создадат отпор…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti