klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата

Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 07:14:17

Европската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати, нотираат од партијата. „Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. Дополнително, Европската комисија предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен кон земјите што покажуваат најдобри резултати. Тоа е признание за сработеното, но и можност Македонија да обезбеди дополнителни средства за развој“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму затоа е неразбирливо зошто СДС продолжува со политички блокади на законите што произлегуваат од Реформската агенда. Со секоја опструкција на СДС и Левица не се попречува Владата, туку се попречува исполнувањето на обврските на државата и се ризикуваат можностите што ги отвора Планот за раст. Ги повикуваме СДС и Левица да ги остават дневнополитичките интереси настрана и да покажат државничка одговорност. Законите што се дел од Реформската агенда, вклучително и Изборниот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti