klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Слепите лица во Куманово го одбележуваат Меѓународниот ден на белиот стап

Слепите лица во Куманово го одбележуваат Меѓународниот ден на белиот стап
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 13:09:28

Недостигот на звучни семафори, тактилни патеки и спуштени рабници на тротоарите, непрописно паркираните возила и ограничените можности за вработување се дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите лица и лицата со оштетен вид во Куманово. Вршител на должност секретар на Здружението на слепи лица од Куманово, Христијан Ѓорѓевиќ, инаку правник вработен во Општина Куманово вели дека во градот сè уште недостигаат основни услови за безбедно и самостојно движење. – Најпрвин се соочуваме со недостиг на звучни семафори на клучните места во градот, тактилни патеки и спуштени рабници на тротоарите. Кога ги нема овие услови, движењето е отежнато и најчесто мора да се потпираме на придружник. Кога се движам сам, обично одам на места што добро ги познавам – вели Ѓорѓевиќ. Беркант Асановски вели дека физичките бариери не се единствениот проблем. тој вели дека е потребно јакнење на свеста кај граѓаните. – Сметам дека граѓаните и возачите се делумно запознаени со значењето на белиот стап, но треба уште да се работи на подигнување на свеста. Пред неколку дена, кога го поминував пешачкиот премин, еден човек праша, дали гледаш добро, што поминуваш. Му одговорив дека не гледам. Таквите ситуации покажуваат колку е важно луѓето да разберат со какви предизвици се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti