klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

„Шлеперот каде е?“, „Ве има некој хакирано?“, „ЧАТГПТ се смеел кога им го пишувал ова“: Социјалните мрежи вријат откако СДСМ објави раст на гласовите

„Шлеперот каде е?“, „Ве има некој хакирано?“, „ЧАТГПТ се смеел кога им го пишувал ова“: Социјалните мрежи вријат откако СДСМ објави раст на гласовите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·19. 10. 2026. 08:22:52

Вријат социјалните мрежи по дебаклот на СДСМ на предвремените локални избори во Брвеница. Особено очебијно е тоталното разочарување на партијците и поддржувачите на партијата, кои остро реагираат на инфантилната објава по обелоденувањето на резултатите во која СДСМ се фали дека имале пораст на гласовите?! Огромен револт и силни критики кон раководството на СДСМ предизвика небулозната партиска анализа за изборите во Брвеница, во која убедливиот пораз се толкува преку проценти за раст на сопствените гласови и пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Наместо поддршка, под објавата следуваат пораки за одговорност, промена на луѓето што ги подготвуваат анализите и заминување на раководството. Во постовите на социјалните мрежи најчесто барање во коментарите е барањето оставка од „лидерот“ со кој СДС се забетонира на дното. еден од најхумористичните бе „Шлеперот каде е ?“. „Неспособно раководство. Жално за партија која пропаѓа“, пишува еден, додека друг порачува: „Сменете ги тие што ви ги прават анализиве, на лош пат ве водат“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti