klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

По изборите во Брвеница се бара оставка од Венко Филипче

По изборите во Брвеница се бара оставка од Венко Филипче
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 07:23:42

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово и актуелен координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски по катастрофалните резултати на СДСМ на локалните избори во Општина Брвеница се огласи на социјалните мрежи со објава во која нагласува дека во партијата се потребни промени и дека СДСМ не е ничија приватна сопственост. -Почитуван претседателе Венко Филипче, До кога ќе молчиме? До кога ќе се правиме дека сè е во ред, додека луѓето што со години ја градеа оваа партија ја губат вербата, достоинството и надежта? До кога ќе гледаме како се распаѓа нешто за што генерации наши членови се бореа со срце, со идеали и со огромни лични жртви? СДСМ не е ничија приватна сопственост. СДСМ е идеја, историја, вредност и дом на илјадници луѓе кои верувале дека оваа партија може да донесе подобра иднина за Македонија. А денес, наместо надеж, меѓу многу наши членови има разочарување. Наместо единство — поделби. Наместо јасна визија — неизвесност. Наместо одговорност — премолчување. И за тоа мора да има одговорност! Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti