Славески на настан на ММФ за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст е клучен за побрзо приближување кон ЕУ

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се обрати на настанот посветен на Регионалниот економски преглед за Европа (EUR Regional Economic Outlook Dinner), во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во фокусот на неговото излагање беа економските предизвици во услови на глобална неизвесност, но и можностите за забрзување на растот и побрза економска конвергенција на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Славески истакна дека регионот се соочува со потреба од промена на моделот на економски раст – од модел заснован главно врз евтина работна сила и акумулација на капитал кон модел што се темели врз повисока продуктивност, поквалитетни инвестиции, технологии, знаења и производи со повисока додадена вредност. „Забрзувањето на економската конвергенција не може да се потпира само врз капиталот и зголемувањето на вработеноста, туку бара сеопфатен реформски план насочен кон повисока продуктивност. Тој треба да опфати посилни институции и владеење на правото, подобро деловно опкружување, реформи на пазарот на трудот, развој на човечкиот капитал, како и поттикнување на иновациите, истражувањето и развојот и дигитализацијата“, рече Славески. Гувернерот посочи дека зголемувањето на продуктивноста е клучниот предуслов за побрз и одржлив економски раст и за реално приближување кон животниот стандард во Европската Унија. Продуктивноста во Западен Балкан…
Povezane vijesti

Димитриеска-Кочоска на Годишните средби на ММФ и СБ: Во услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст
"Jedna smo od najbrže rastućih ekonomija u Evropi" Siniša Mali o poslednjim podacima MMF-a: Prognoza rasta povećana na 3,3 odsto
