Средба на Славески со заменик-генералниот директор на ММФ: Независноста и транспарентноста на централната банка се клучни за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли, во рамките на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Бангкок, Тајланд. Во фокусот на разговорите беа актуелните макроекономски состојби, предизвиците од глобалното окружување и значењето на независноста, транспарентноста и кредибилитетот на централните банки за одржување на макроекономската стабилност. На средбата присуствуваше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во услови на продолжена геополитичка неизвесност и нестабилност на светските пазари, беше истакната важноста на внимателното водење на макроекономските политики, особено за малите и отворени економии коишто се изложени на надворешни ценовни шокови. Во овој контекст, беше нагласено дека навремените и соодветни мерки на Народната банка придонесоа за стабилизирање на инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на отпорноста на домашната економија. Сепак, неизвесностите поврзани со движењата на цените на енергенсите и нивните можни преносни ефекти врз домашните цени и натаму бараат внимателно следење и одлучување засновано врз податоци и стручни анализи. Посебен акцент беше ставен на значењето на независноста на централната банка и на јасно дефинираниот законски мандат, како предуслови за доследно спроведување на монетарната политика и зачувување на ценовната стабилност. Независноста, заедно со транспарентноста, отчетноста…
Povezane vijesti

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ – Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме

NBS na sastanku sa MMF-om: Srbija otporna na globalne šokove
