klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска на Годишните средби на ММФ и СБ: Во услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст

Димитриеска-Кочоска на Годишните средби на ММФ и СБ: Во услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·16. 10. 2026. 08:08:37

Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. -Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti