klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Силни жени со претприемачки дух – за поголем бизнис развој на карпош

Силни жени со претприемачки дух – за поголем бизнис развој на карпош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 10. 2026. 11:50:00

Во Општина Карпош денеска се одржа конститутивната седница на Локалниот совет за женско претприемништво, со што и официјално започнува работата на ова тело, чија цел е да придонесе кон унапредување на женското претприемништво и создавање нови можности за жените претприемачки од Карпош. На седницата, преку демократско гласање, за претседателка на Локалниот совет за женско претприемништво беше избрана Елизабета Јамандиловска, дипломиран професор по англиски јазик и судски преведувач, со повеќе од 30 години професионално искуство во приватниот сектор. За потпретседателки беа избрани Билјана Караманолеска, со долгогодишно искуство во водењето бизниси од различни области, и Благица Цветановска, членка на Советот на Општина Карпош, со професионално искуство во приватниот сектор. На конститутивната седница присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и истакна дека локалната самоуправа ќе биде партнер и поддршка за жените претприемачки. - „Горд сум што токму во Општина Карпош се создава тело чија задача ќе биде да го поттикнува женскио т претприемачки дух и да мотивира што поголем број наши сограѓанки од приватниот сектор да се вклучат во оваа иницијатива. Верувам дека преку соработка можеме да го унапредиме женското претприемништво, но и да придонесеме кон надминување на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки. Како локална…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti