Чучер Сандево првпат ги собра компаниите на заедничка маса: Бизнис-заедницата ги изнесе проблемите и барањата

Општина Чучер Сандево организираше тркалезна маса со претставници на локалната бизнис-заедница, со цел воспоставување директен дијалог за проблемите со кои се соочуваат компаниите и можностите за подобрување на условите за инвестирање. Според информациите од Општината, станува збор за прва средба од ваков вид, на која биле поканети сите 379 регистрирани правни субјекти на нејзината територија. На средбата присуствувале 67 претставници на бизнис-заедницата, како и Александар Караев, експерт-консултант за локален економски развој ангажиран од Министерството за локална самоуправа. Во фокусот на разговорите биле инфраструктурните проблеми, административните процедури, пристапот до општинските услуги и можностите за реализација на заеднички проекти што ќе придонесат за економски раст и отворање нови работни места. Градоначалникот Зоран Бајовски истакнал дека локалната самоуправа има намера да воспостави вистинско партнерство со компаниите и активно да работи на надминување на пречките што го отежнуваат нивниот развој. „Општината е тука за компаниите – не како формален партнер, туку како активен соработник. Слушаме, работиме и преземаме конкретни чекори за да ги отстраниме пречките пред инвестициските проекти, а со тоа да создадеме услови за раст и да се отворат нови работни места“, нагласил Бајовски. Од Општината посочуваат дека при преземањето на функциите, новата општинска администрација затекнала повеќе започнати проекти без комплетна документација, за…
Povezane vijesti
Laković će podržati ustavne promjene po pitanju provjere integriteta

Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност за дијалог со демонстрантите во Тирана и другите градови во државата
