klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Марковска: Кога жените носат одлуки, тие не ја менуваат само политиката, туку и иднината на своите деца и целото општество

Марковска: Кога жените носат одлуки, тие не ја менуваат само политиката, туку и иднината на своите деца и целото општество
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·18. 10. 2026. 10:24:57

Не ни се потребни само повеќе жени во политиката, туку повеќе жени што навистина одлучуваат, водат и создаваат промени. Кога една жена ќе добие можност, таа отвора врата и за други жени. А кога жените учествуваат во носењето на одлуките, тие не ја менуваат само политиката – тие ја менуваат и иднината на своите деца и на целото општество - вели Анета Марковска, советничка и заменик-координаторка на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје. Марковска е советничка и политичарка од помладата генерација жени во ВМРО-ДПМНЕ и е мајка на две деца. Последниве месеци стана едно од попрепознатливите лица на градскиот Совет пренесувајќи ги ставовите на својата советничка група и партија. -Верувам дека жената во политиката мора да биде посветена, вредна и подготвена постојано да учи и да се докажува. Но, исто така, верувам дека не треба да работи двојно повеќе само за да ја добие истата доверба што често полесно им се дава на мажите. Политичката кариера бара многу жртви, време и одговорност, а кај жените тој предизвик често е поголем затоа што паралелно се обидуваат да бидат успешни професионалци, политичарки, сопруги и мајки. Затоа, според мене, вистинскиот напредок треба да се темели на знаење, резултати, интегритет и посветеност, а…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti