Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите се кренаа против авторитарното владеење на Еди Рама (ВИДЕО)

Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти ден по ред, да протестираат против владата во Албанија, а демонстрациите се проширија освен во Тирана и во неколку други градови, каде што имаше судири со полицијата, која употреби и солзавец. Во Тирана, млади луѓе од главниот град и други делови од земјата се собраа пред Министерството за образование, барајќи промени во земјата и оставка од премиерот Еди Рама. Протестите во главниот град траат веќе четврти ден, а претходните три дена беа обележани со тензии и конфликти. За време на денешните демонстрации полицијата употреби солзавец против собраните пред Министерството за образование. Во Корча демонстрантите запалија контејнери и се судрија со полицијата. Судири меѓу демонстрантите и полицијата беа регистриани и во Лежа, а според локалните медиуми, две девојки беа повредени во судирите. Во Поградец скандирале слогани „Рама, оставка“ и „Рама во затвор, Бериша во затвор“, алудирајќи на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Сали Бериша. Судири меѓу демонстрантите и полицијата биле забележани и во Валона. Во Елбасан, млади луѓе, претежно средношколци, ги напуштиле часовите и излегле на улиците. Во Камза, средношколците повторно ја бојкотирале наставата и се обиделе да се упатат кон Тирана за да се приклучат на протестите во главниот град. Нивниот…
Povezane vijesti

(ВИДЕО) Протестите во Албанија се проширија во неколку градови – судири меѓу демонстрантите и полицијата

Студентските протести во Албанија се шират и во други градови, демонстрантите бараат оставка од Рама
