klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 06:05:22

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Единствена точка на дневниот ред на двете собрански комисии е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, во прво читање. Со предложеното законско решение се доуредуваат и допрецизираат условите, начинот и постапката за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост. Со Предлог-законот се дополнуваат одредбите кои се однесуваат на корисниците на градежното земјиште кои можат да го приватизираат земјиштето, одредбите кои се однесуваат на начинот на приватизација на градежното земјиште на кое се изградени објекти во етажна сопственост, како и одредбите за начинот на приватизација на градежното земјиште на кое постојат два или повеќе објекти на различни сопственици. Воедно, се овозможува на етажните сопственици да го приватизираат градежното земјиште во делот што претставува земјиште под зграда согласно податоците од јавната книга за запишување на правата на недвижностите, без да доставуваат геодетски елаборат за нумерички податоци за формирање на градежна парцела. Исто така се допрецизираат одредбите од постојниот закон во делот кој се однесува на проширување на барањето и утврдување на површината на градежното земјиште од повеќе катастарски парцели кои се предмет на приватизација. Со предложениот закон…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti