klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Усвоен Законот за државна ревизија, се воспоставува современа рамка за работа на државната ревизија

Усвоен Законот за државна ревизија, се воспоставува современа рамка за работа на државната ревизија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 11:04:34

Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства. Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа. Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа. Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните. Една од клучните новини на Законот е во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со Предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма за работа.Исто така Предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti