Новите предлог – закони за рударство и геологија претставени пред стопанството

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претстави новите закони за рударство и геологија на јавна расправа во Стопанската комора, со фокус на усогласувањето со европските стандарди, дигитализацијата и одржливото управување со природните ресурси. Законските решенија се насочени кон поголема правна сигурност, поттикнување на инвестициите, поефикасни административни постапки и зајакната заштита на животната средина. Тие беа подготвени преку консултации со релевантните чинители, поставени на ЕНЕР и преку меѓународна експертска ревизија. Со посебниот Закон за геологија се воспоставува системска рамка за геолошки истражувања и управување со податоците, додека воведувањето на Македонскиот рударско-геолошки информативен систем (МакРГИС) ќе овозможи дигитализација и поголема достапност на информациите. Законот за рударство предвидува реализација на Стратегијата за минерални суровини, механизми за поддршка на стратешките проекти и усогласување со европските политики за критични суровини. Во областа на заштитата на животната средина, новите законски решенија воведуваат обврска за обезбедување 100% финансиски гаранции за санација и рекултивација, со што државата добива механизам за целосно покривање на трошоците за обновување на просторот по завршување на експлоатацијата. Истовремено, се воспоставуваат современи правила за управување со рударски отпад, задолжителни планови за затворање на рудници и рекултивација, како и мерки за санација на историски деградирани рударски простори. На овој начин се зајакнуваат механизмите…
Povezane vijesti

Živković: Mi nećemo glasati za ovakve izmjene Ustava, ove izmjene nisu bile imperativ Evrope

MC Sarajevo: Mladiću i Plavšić odaju počast, Izetbegovića proglašavaju zločincem
