САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред

Американската војска соопшти дека започнала нови напади врз воени цели во Иран, 12-та ноќ по ред. Нападите започнале во раните утрински по иранско време (23:30 часот по средноевропско време во среда), соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата „Икс“. „Мисијата ќе продолжи дополнително да ја намалува способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови кои минуваат низ регионалните води“, наведе CENTCOM. Претходно синоќа американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Иран е подготвен да постигне договор. „Секогаш кога Техеран ќе се согласи на компромис, се обидува да го промени“, рече Трамп, додавајќи дека Иран „не е подготвен, но ќе биде многу брзо“. Изјавата може да се протолкува како индиректна закана. Трамп претходно упати и подиректно предупредување, велејќи дека САД ќе „бомбардираат и уништат“ мост или елекроцентрала во Иран секогаш кога таа земја ќе нападне брод во Ормуската Теснина. Тој преку својата платформа „Truth Social“ напиша дека цели на напади би можеле да бидат и мостови и централи во Техеран или во близина на иранскиот главен град. Иранските медиуми објавија дека во американски ракетен напад кај граничниот премин Шаламче со Ирак биле убиени две лица, додека во друг напад биле погодени воени позиции во…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Ирански напади врз американски воени капацитети во Јордан и Кувајт
