klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ирански напади врз американски воени капацитети во Јордан и Кувајт

Ирански напади врз американски воени капацитети во Јордан и Кувајт
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 09:10:01

Иранската Исламска револуционерна гарда денеска соопшти дека нејзините оружени сили уништиле американски противракетен радарски систем ТHAAD во Јордан, како одговор на американските напади врз Иран. Во соопштението објавено преку иранската државна телевизија, Гардата тврди бил уништен и систем за противракетна одбрана „Патриот“, како и дека бил нападнат и опожарен хангар за одржување хеликоптери. Иранската армија уште соопшти и за спроведени напади врз повеќе воени објекти во Кувајт. Според соопштението на иранските сили, со беспилотни летала биле нападнати складишта за муниција и логистички магацини на американската армија, како и резервоари за гориво во Кувајт што ги користат американските сили.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti