klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Метаморфоза: Од идол до антипод, од антибугарофил до софиски врховист, од антички Македонец до Бугарин!

Метаморфоза: Од идол до антипод, од антибугарофил до софиски врховист, од антички Македонец до Бугарин!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·23. 07. 2026. 09:06:59

Метаморфозата е чуден биолошки процес на трансформација… Од гасеница до пеперутка и пак гасеница, перпетуум мобиле… Таква е некако и метаморфозата на Љубчо Георгиевски од претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, преку потпретседател на претседателот на Републиката до премиер и Бугарин во Софија… Човекот не се откажа од последното, ама не се откажа ниту од милионите – гради хотели, маркети, згради, а сѐ е мерливо и одредливо меѓу приходите и расходите, изворите и менторите… Човекот што нудеше размена на територии и население меѓу Македонија и Албанија во 2001 година врз основа на договор со српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, како што самиот вели во неговите мемоари, што претставува велепредавство на нацијата и државата, човекот што ги нарекуваше социјалдемократите србомани затоа што тие го нарекувале бугарофил, а отиде во владина коалиција со СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, човекот чија кариера започна со шеснаесетзрачното златно-жолто сонце на партиските книшки, а отпосле тврдеше дека тоа е грчки симбол, несериозно е да зборува, уште помалку да се слуша за македонско-бугарските односи! И мора да го демистифицираме, затоа што го труе јавниот простор во Македонија со цел индоктринација на Македонците во денационализацијата Бугари – официјалните антимакедонски политики на Софија, пишува Тодор Петров за НОВА МАКЕДОНИЈА. Денес, Љубчо Георгиевски е главен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti