Ристески: Капиталните инвестиции растат, економската клима се подобрува

На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој истакна дека со ребалансот на Буџетот се зголемуваат средствата за капитални инвестиции за 14,5 при што како што рече, се реализираат бројни инфраструктурни проекти низ државата, меѓу кои автопати, болници, училишта и градинки. „Буџетскиот дефицит СДС во 2024 година го потрошиле на пола од својот мандат, односно до избори, а буквално го испокрадоа за потплаќање, поткопување на избирачки гласови. Ние начекавме неисплатени плати во Македонски пошти, во водостопанство. Нормално кога се зголемуваат средствата за исплата на капитални инвестиции, нормално дека ќе биде зголемена и реализацијата. Сега со овој ребаланс на Буџет ние одиме со 14,5% зголемување на средствата за капитални инвестиции отколку во иницијалниот буџет за 2026 година. Се градат шест автопати, се реновираат скоро сите болници и сите училишта, се градат градинки. Никогаш не се реализирале 1.200 проекти во еден момент во сите општини во Република Македонија. Истото тоа се направи претходно во Прилеп со еден куп вложување на средства во нова најсовремена медицинска опрема во општата болница во Прилеп која за мандатот на СДС сега оние што ја раководеле се во притвор, во затвор и одговараат за криминал од…
Povezane vijesti

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард

Мицкоски: Платите ги зголемивме за 8.000 денари, пензиите за 7.000, раст на БДП е 3 проценти, се градат 6 автопати
