klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Платите ги зголемивме за 8.000 денари, пензиите за 7.000, раст на БДП е 3 проценти, се градат 6 автопати

Мицкоски: Платите ги зголемивме за 8.000 денари, пензиите за 7.000, раст на БДП е 3 проценти, се градат 6 автопати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·02. 07. 2026. 18:49:24

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител вели дека за само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите на пензионерите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 проценти сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и шест автопатски делници, потенцирајќи дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите. „Овие две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е повеќе од доволно. Ги зголемивме пензиите за 7.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но ако се земе во предвид дека просечната пензија беше некои 14.000, 15.000 денари пред оваа влада да биде влада за две години да ја зголемите за 40, 45 проценти е значаен параметар. Ако претходно еве за економските параметри, економскиот раст беше 1,8 проценти годишно, сега е 3,5 проценти, значи двојно на БДП. Порано учениците цела година немаа учебници сега ги има од април за во септември, пред некој ден со министерката имавме промоција на учебници нови 60.000 учебници кои ќе ги добијат на први Септември, што порано за претходната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti