klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

РФМ презема иницијатива за реактивирање на Скопскиот судиски збор

РФМ презема иницијатива за реактивирање на Скопскиот судиски збор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 10. 2026. 05:12:36

По иницијатива на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, во просториите на РФМ се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, со цел унапредување на организацијата и функционирањето на судиската заедница. Главен акцент на средбата беше ставен на реактивирањето и воспоставувањето функционален Скопски судиски збор, како и на подобрувањето на меѓусебната комуникација и координација меѓу судиите. На состанокот беше истакната и важноста на професионалниот развој на судискиот кадар, како значаен сегмент за подигнување на квалитетот и стандардите во македонскиот ракомет. Со оваа иницијатива, Ракометната федерација на Македонија има за цел да придонесе кон создавање посилна, поорганизирана и пофункционална судиска заедница.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti