klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Ракометарките се собраа во Скопје на почетокот на подготовките пред ЕП

Ракометарките се собраа во Скопје на почетокот на подготовките пред ЕП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 13:36:53

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа првиот собир во Скопје, со што официјално започна подготовките за претстојните репрезентативни предизвици и настапот на ЕП. Македонските ракометарки во следниот период ги очекува меѓународен турнир во Турција кој ќе биде важен дел од подготовките за континенталниот шампионат. Турнирот ќе се игра од 27 до 29 ноември, а нашата селекција ќе ги одмери силите со Финска Италија и домаќинот Турција. Распоред на натпреварите во Турција 27 ноември, 18:45 часот: Македонија – Финска 28 ноември, 16:30 часот: Италија – Македонија 29 ноември, 18:45 часот: Турција – Македонија Овие три средби ќе ѝ овозможат на репрезентацијата да ја провери формата и да работи на тактичките замисли пред настапот на ЕП. По завршувањето на турнирот во Турција, фокусот ќе биде насочен кон еврошампионатот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti