klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Распишан конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2026 година

Распишан конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2026 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 12:15:49

Согласно одредбите од Статутот, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2026 година. Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 21 ноември 2026 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема е предвидена и парична награда. За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУЦК „Григор Прличев“ Охрид, улица „Македонски просветители“ бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема Григор Прличев“. – Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti