klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

До 30 октомври трае аплицирањето на годишните конкурси за финансирање проекти од културата за 2027

До 30 октомври трае аплицирањето на годишните конкурси за финансирање проекти од културата за 2027
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 19:24:52

Министерството за култура и туризам потсетува дека се во тек и до 30 октомври 2026, до 15.30 часот, трае пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Пријавувањето е со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности – физички лица и Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности – правни лица. -Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да ги побараат во секторите во Министерството за култура и туризам, објави Министерството. [facebook_post url="https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/posts/pfbid06QXUDvH1CCoCbi7EbQ5iocFwUhpFqYgWRGeXLW6VoxEpxHYtGL9JsQXpwdhmphSNl"]

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti