Конкурс на „Литера“ за авторски текстови за сликовници на тема „Градови полни приказни“

Издавачката куќа „Литера“ отвора конкурс за авторски текстови за сликовници под мотото „Градови полни приказни“, повикувајќи ги сите автори да ја искористат својата имагинација и да создадат оригинални приказни инспирирани од македонските градови. Во фокусот на конкурсот се шест градови – Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово, од кои секој ќе добие своја сликовница, исполнета со приказни што ќе им ја доближат локалната култура, традиција и духот на градот на најмладите читатели. [facebook_post url="https://www.facebook.com/Litera.mk/posts/pfbid0BYzhgsQf4qKCh8bcF3tfcXChVsg7Q1RKSkeL8D5VdagjvTtumKFq2QGdmCfZdwTfl"] Најдобрите авторски текстови ќе станат дел од новата едиција сликовници на „Литера“. Целта е преку детската литература да се доближи Македонија до најмладите, но и нејзините приказни да се претстават надвор од границите на земјата. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година, а заинтересираните автори своите текстови можат да ги испратат на електронската адреса literafestival@gmail.com. „Градови полни приказни“ е покана за сите што сакаат да создаваат, да раскажуваат и да ги претворат македонските градови во светови полни со фантазија, авантури и незаборавни ликови. Зашто секој град има своја приказна – а можеби токму некоја од нив ќе стане омилената сликовница на новите генерации читатели!
Povezane vijesti

„Литера“ најавува едиција сликовници посветени на шест македонски градови и отворање Центар за развој на детската креативност

„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади
