Стефанов: Шведска е фаворит и Грција е незгодна, ама нашата цел е пласман на ЕП

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов на денешната прес-конференција ја анализираше квалификациската група пред стартот на циклусот. „Ни следува почетокот на квалификациите за ЕП 2028. Ќе одиграме два меча, еден на домашен терен со Луксембург, а потоа и гостувањето во Грција. Селекторот Лазаров следната седмица ќе го објави списокот. Играме во група во која Шведска е фаворит, а Грција е незгоден ривал. тие го докажаа тоа во последните години , можат да се носат со сериозни репрезентации. Сепак, сметам дека ние сме поискусна селекција, така што очекуваме победа и во Грција. Не одиме со бело знаме, сметаме дека сме поквалитетни. Нормално, очекуваме пласман на ЕП 2028. Се надевам дека сè ќе биде во најдобар ред, играчите ќе бидат здрави и ќе донесеме радост на цела Македонија“, истакна Стефанов. Македонија отвора против Луксембург на 4 ноември, додека четири дена гостува во Грција. Следните натпревари од циклусот се следната година.
Povezane vijesti

Општина Кичево плаќала 34 000 евра месечно за осветлување, за запуштен парк во Зајас и за 100 неактивни телефони, утврди ДЗР за 2024 г.

(ВИДЕО) Мицкоски: ДИЗЕЛ ЌЕ ИМА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – „ОКТА“ МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ПРОРАБОТИ
