klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

РФМ со новитет за најмладите

РФМ со новитет за најмладите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 13:53:09

Ракометната федерација на Македонија направи уште еден чекор за развој и популаризација на овој спорт, организира турнирски систем за играчи У 13. “Ракометната федерација на Македонија, со цел поттикнување на развојот и популаризацијата на ракометот кај најмладите категории, планира организирање на турнирски натпреварувања во категоријата помлади пионери У13, за деца родени во 2014 и 2015 година. Во таа насока, ги повикуваме сите заинтересирани ракометни клубови најдоцна до среда, 21.10.2026 година, да достават пријава со следните информации: * Назив на ракометниот клуб; * Број на екипи со кои клубот планира да учествува; * Број на деца по генерација У13 (2014 и 2015 година) (со име и презиме и датум на раѓање) * Јасно наведување дали станува збор за машки или женски екипи, со посебно прикажан број на деца за секоја категорија. Првиот турнир е планирано да се одржи на 31.10.2026 година во Скопје, по што е предвидено натпреварувањата да продолжат со организација на турнири и во други градови низ Македонија. Дополнително, со цел создавање услови за вклучување и на најмладите ракометари, ги повикуваме клубовите да достават информации и за бројот на деца родени во 2016 година и помлади, кои би биле заинтересирани за учество во активности и турнири во категоријата мини…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti