Прво издание на „Џез-вечери“: Шест концерти на „Охридско лето“ од 13 до 16 август

Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај. Предвидени се шест концерти со музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и Македонија. Меѓу изведувачите се Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Националниот џез-оркестар, Петер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав „Kiiōtō“. Крсте Роџевски и Дине Донеф на отворањето Програмата ќе биде отворена на 13 август во црквата „Света Софија“, со концертна промоција на албумот „Orthodoxia Kai Thanatos“ на Крсте Роџевски. Македонскиот пејач, гитарист и композитор е активен на авангардната њујоршка „даунтаун“ сцена уште од неговото преселување во градот кон крајот на деведесеттите години од минатиот век. На концертот Роџевски ќе настапи со Христијан Моневски и Дамјан Палоски на вокален исон, како и со Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски на контрабас, во улога на инструментален исон. Неговото осмо албумско остварување, двојното ЛП-издание „Orthodoxia Kai Thanatos“, содржи композиции засновани врз византиското пеење, како и ремикси на Фенес, Икуе Мори, Бил Ласвел, Јос Смолдерс, Кевин Драм и Томас Фелдман. Истата вечер концерт ќе одржи…


